Вчеравечер околу 19 часот на ул.„Киро Абрашев“ бб, поточно во угостителскиот објект „Кај Кус“ во Струмица , 31-годишниот М.О. од Струмица, заканувајќи се со нож, се нафрлил кон сопственикот на објектот Б.Д. и кон вработениот Н.Ѓ.
Од страна на УПС од СВР-Струмица излезено е на лице место и при легитимирање, М.О. почнал да им се заканува. Откако го врзале со лисици, полициските службеници го приведеле во СВР-Струмица.
По извршеното алкотестирање, е утврдено присуство на алкохол во крвтта од 3,35%о. Против истиот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


