СВР-Скопје ќе поднесе кривична пријава против лицето 19-годишната О.П. од Пробиштип поради лажно пријавување на кривично дело.
Младата пробиштипјанка на 7 овој месец лажно пријавила дека две непознати лица ја нападнале. Во Центарот за известување и команда таа лажно пријавила дека истиот ден околу 18;30 часот пред продавницата за авто делови „Оптикооп“ во Гази Баба, ѝ биле одзмени два златни прстени и околу 200 денари.
Со цел утврдување на фактичката состојба полициските службеници од ОИД -отсек разбојништва во консултација со ЈО превзедоа низа мерки и активности при што обезбеден е прегледан и анализиран видео записот од безбедносните камери поставени на објектотот од продавницата за автоделови, при што утврдено е дека О.П. на тоа место и во тоа време била сама и дека врз неа не е извршено кривично дело разбојништво.
По извршениот преглед и анализа на видеозаписот од безбедносните камери во ПСОН Гази Баба извршен е службен разговор во кој О.П. го признала делото, при што појаснила дека лажно пријавила кривично дело со цел да не дознае нејзината мајка дека парите кои претходно ѝ биле дадени за да ги уплати во авто-школа за полагање на возачки испит ги потрошила за други потреби, а додека златните прстени ги продала во златара во Скопската чаршија и парите ги уплатила во авто-школата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


