Вчера попладне, во времето од 14 до 15 часот на бул.„Гоце Делчев“ бб во Скопје, поточно на паркингот позади црквата „Св.Димитрија“, засега непознат сторител извршил тешка кражба во патничко моторно возило „фиат дукато“ со германска национална ознака, сопственост на О.С.
Од возилото се земени два лап-топа „мек бук“, 200 евра, руска патна исправа сопственост на А.А.(27), српска патна исправа на име М.Н. и интернационална возачка дозвола, лап топ „ХП“, торба сопственост на П.С. во која имало мобилен телфон „самсунг галакси С4“, лап топ „леново“ и таблет „гоклевер Т-76“.
Сторителот со погоден предмет го искршил задното лептир стакло, по што влегол внатре, ги одзел предметите, а потоа го напуштил местото.
Со тешката кражба причинета е материјална штета од 400.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата
-
Зошто палиме свеќа во црква и што значи тоа: Следниот пат сетете се на ова…
-
Ценовник од македонска црква предизвика лавина од негативни коментари
-
На овој голем празник сите верници доаѓаат во црквата полна со змии за да седат на нив