| четврток, 6 декември 2018 |

Во напад врз контролен пункт загинаа тројца жители на украински Славјанск

Тројца жители на украинскиот град Славјанск загинаа изминатата ноќ во напад на непознати лица на еден од контролните пунктови во северниот
дел на градот. Едно лице е хоспитализирано во критична состојба.

Во моментот на нападот врз пунктот имало само невооружени локални жители, кои вообичаено вршат контрола на возилата кои влегуваат во градот и ги предупредуваат силите за самоодбрана ако се појават воени единици.

Кон местото се приближиле неколку возила, од кои бил отворен оган. Таму пристигнале борците за самоодбрана и убиле двајца од напаѓачите. Во двете возила тие откриле симболи на движењето „Десен сектор“ и големо количество оружје, кое што не е вооружување на украинската армија, јавија локални медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top