| четврток, 6 декември 2018 |

Не нарекувајте го „Руки“ , Перо Антиќ не е почетник

„Не нарекувајте го  Руки“ бараше еден од коментаторите на американската мрежа која го пренесува НБА шампионатот.

Перо Антиќ иако има 31 година не е почетник, тој играл во многу силни натпревари сметаат НБА коментаторите.

Во коментарот по постигнувањето на втората тројка во првиот меч од плеј офот кој Атланта го доби на гостински терен кај Индијана Пејсерс, говорејќи во суперлативи коментаторите за Антиќ потсетија дека е првиот кошаркар од Македонија кој што настапил во НБА лигата но и дека тој за репрезентацијата на две европски првенства и за Олимпијакос одиграл многу тешки мечеви со големи тимови  и затоа не треба да се нарекува „руки“ или почетник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top