| четврток, 6 декември 2018 |

Велигден утре го прославуваат 2,5 милијарди христијани

veligden_01
Утрешниот празник, Воскреснувањето Христово го слават сите христијани во светот заедно, по проценка, околу 2,5 милијарди. Заеднички славења на Велигден во овој век ќе има  вкупно 31 пат, а првото следно ќе биде во 2017 година.
Разликата меѓу датумите на католичко – протестантскиот и источниот, православен Велигден, наредната година, ќе биде една недела, а во 2016 година, дури пет недели.
Најрано Велигден на Запад може да биде на 22 март, додека на Исток во првата декада на мај, наведува Верската инфромативна агенција(ВИА), која се занимава со вести и анализи од светот на религијата.

До 16 век, кога била извршена реформата на календарот, славењето на празникот било во ист ден.

Коптскиот патријарх Тавардос Втори апелираше до христијаните во светот да го воедначат славењето на Велигден. Тоа е посебно важно за христијаните на просторите на Блискиот Исток, каде тие се малцинство.
Веќе сто години се  покренува идејата меѓу христијаните да се постигне согласнот околу заедничкиот датум на празникот на Воскреснувањето.

Познатиот германски астроном Рајхолд Биен, на кого му е посебна специјалност времето, признава дека секоја промена на сметање на времето или празници, предизвикува отпор. Корекциите во историјата секогаш биле тешко спроведливи.

Променат на датумот на Велигден го менува ритамот на целата црква и литургиската година, како и постот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top