Фудбалскиот сојуз на Македонија има идеја во Скопје да организира натпревар меѓу најдобрите фудбалери од поранешна Југославија и остатокот на светот .
Поводот за натпреварот е натпреварот кој што пред 50 години се одиграл во главниот град на Македонија кога во далечната 1964 играле најдобрите фудбалери на тогашна Југославија и остатокот на светот.
Во тогашниот тим на Југославија играле Скоблар, Васовиќ, Шошкиќ, а за екипата на светот легендарните Лав Јашин и Еузебио.
Натпреварот бил игран за хуманитарни цели за помош на жртвите од земјотресот во Скопје а сличен е планот и сега доколку планот се оствари собраните средства ќе бидат дадени за хуманитарни цели.
Во тимот на играчите од поранешна Југославија сега би играле Пандев и Ибраими кои би играле заедно со Ивановиќ, Џеко, Манџукиќ, Јоветиќ, хандановиќ додека во противничката екипа би играле и Меси и Роналдо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.