| четврток, 6 декември 2018 |

Милан продолжува со успешната серија, Ибраими со Калјари победи и обезбеди опстанок

Милан со петата победа по ред во италијанската Сериа А најави борба до последното коло за место кое води во Европа .

Денеска успеа да го победата Ливорно со 3-0 и со тоа ја урнaа надежта на гостите за опстанок оваа година.

 

kaka milan
Стрелци на головите за Милан беа Балотели, Тарабт и Пацини.
Агим Ибраими ги одигра сите 90 минути за својот тим на гостувањето против Џенова и успеа да победи со 2-1 и да обезбеди опстанок. И следната година македонскиот репрезентативец ќе го гледаме во најсилното друштво во италијанската лига.
Стрелци за Калјари беа Сау и Ибарбо.
Горан Пандев влезе во игра во 67 минута за Наполи во ремито против Удинезе на гостински терен. По еден гол постигна двете екипи. Прво поведоа наполитанците со голот на Калјехон уште во првото полувреме. Во вториот дел Фернандез го израмни резултатот во 54 минута.

Резултати: Милан – Ливорно 3-0, Аталанта – Верона 1-2, Катанија – Сампдорија 2-1, Киево – Сасуоло 0-1, Џенова – Калјари 1-2, Лацио – Торино 3-3, Парма – Интер 0-2, Удинезе – Наполи 1-1.

Вечерва играат Јувентус – Болоња, Фиорентина – Рома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top