Во соопштението се посочува дека над 64.000 акционери на „Еуробанк“ се согласиле на замена на акциите, со што на НБГ и е овозможено да стане сопственик на 84 проценти од хартиите од вредност на помалата банка.
– НБГ и „Еуробанк“ ги здружија силите и ја формираа најголемата банкарска групација во земјата, која ќе биде во состојба успешно да се справува со предизвиците на грчкиот монетарен и кредитен систем, изјави извршниот директор на НБГ, Александрос Турколијас.
Спојувањето на двете банки уследи од како на 10 јануари тоа беше одобрено од грчката Комисија за пазарот на капитал. Според најавите, тргувањето со акциите на новата обединета банка на Атинската берза ќе започне на 27 февруари.
Лани НБГ оставри загуба од 2,45 милијарди евра, додека „Еуробанк“ во декември информира дека во првите три квартали од 2012 нејзината нето загуба изнесувалеа 1,095 милијарди евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.