| четврток, 6 декември 2018 |

Велигденска литургија во Радишани

г.г. стефан1

На денот што претходи на победата на животот над смртта, меѓу распетието и воскресението, Велика сабота, во црквата „Св. Наум Охридски“ во скопско Радишани, се одржа свечена литургија, со која богослужеше поглаварот на МПЦ Охридска архиепископија, г.г Стефан.

Верниците кои беа доследни на седум неделниот пост, со молитва се покајаа, причестувајќи се во Божјите храмови и минувајќи под плаштеницата, што ја симболизира наметката Христова.

Вечерва, верниците со црвено јајце в рака, масовно ќе го чекаат часот кој ќе го означи Воскресението Христово,  празникот над празниците!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top