За „Златната палма“ на филмскиот фестивал во Кан ќе се борат филмовите на Дејвид Кроненберг, Жан – Лук Годар, Мајк Леи и Кен Лоуч, објавија организаторите.
Во натпреварувачката програма се избрани 18 од повеќе од 17.000 филмови.
Меѓу нив се филмовите „Maps to the Stars“ на Кроненберг, „Adieu au Langage“ на Годар, „Mr Turner“на Леи и „ Jimmy `s Hall“ на Кен Лоуч.
Други филмови во натпреварот се: „The Homesman3 на Томи Ли Џонс, „The Search“ на Мишел Хазанавичус, „Captives3 на Атом Егојан ,„Saint Laurent“ на Бертран Бонело, „Sils Maria“ на Оливие Асаас и „Deux jours, une nuit “на браќата Дарден.
Годинашниот 66-ти по ред Кански фесивал започнува на 14 мај и ќе трае до 25 мај.
Фестивалот се организира речиси секоја година од 1946 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.