| четврток, 6 декември 2018 |

Турскиот премиер Ердоган ги тужи Твитер и Јутјуб

redzep-tajip-erdogan-1371162373-325183
Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган до Уставниот суд на Турција поднесе тужба против социјалните интерент мрежи, затоа што, според него, ги прекршиле неговите и правата на неговото семејство, јави ИТАР-ТАСС.
Владата на Ердоган минатиот месец воведе забрана на социјалната мрежа Твитер и на системот за размена на видео и аудио содржина Јутјуб, откако на нив беа објавени снимени разговори кои посочуваа на корумпираност на луѓе блиски до премиерот.
Забраната на Твитер беше укината на почетокот на овој месец со одлука на Уставниот суд на Турција, кој оцени дека блокирањето на мрежата претставува кршење на правото на изразување, додека Јутјуб и натаму е блокиран.
Ердоган во својата тужба бара Твитер и Јутјуб да ги отстранат содржините со кои се загрозоваат неговите и правата на неговото семејство, како и отштета од 50.000 турски лири (23.500 долари).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top