
Турицја планира да изгради еколошки град во кој зградите ќе се греат со согорување на лушпи од ф’стаци.
Проектот би требало да биде реализиран на простор чија површина изнесува 3.200 хектари, се наоѓа 11 киломтери од градот Газиантеп, на југоисток од Турицја, близу до сиријската граница.
– Планирано е во овој град да живеат околу 200 илјади лица – изјави Седа Муфтуноглу Гулец, стручњак за изградба во општината Газиантеп.
Според податоците на Органзиацијата на обединетите нации за храна и земјоделство, Турицја е меѓу четирите најголеми производители на ф’стаци во светот, заедно со Иран, САД и Сирија.
Минатата година Турицја за извоз пратила 6.800 тони ф’стаци, што во приход значи 80 милиони долари.
Според прелиминарните податови, лушпите даваат калоријска вредност од 19,26 по килограми, што е најодржлив локален извор на енергија за оваа провинција. Се проценува дека калориската вредност доволна за се загреат околу 55 хектари јавни објекти.
Конечниот извештај за проектот ќе биде претставен во Градската управа на Газиантеп идниот месец, пренесува „АФП“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


