
Саудиска Арабија почнува да ја изгради највисоката зграда на светот долга точно еден километар. Највисоката зграда на светот во моментов е Бурј Калифа, која се наоѓа во Дубаи и е висока 828 метри.

Дубаи е долгогодишен шампион кога станува збор за најдобри, најголеми, најдолги и најскапи објекти во светот и сега добива конкуренција во соседите, С. Арабија.

Бурј Калифа уште е запишната во Гинисовата книга на рекорди како највисока зграда, но С. Арабија веќе ја планира зградата која ќе биде повисока и од неа. Зградата ќе се вика Кингдом Тоуер, а ќе почне да се гради следната недела, пренесува „Си-ен-ен“. Се проценува дека изградбата ќе чини 1,23 милијарди долари, ќе има 200 ката и фантастичен поглед на Црвеното Море. Во неа ќе бидат вградени огромни количини бетон, дури 80.000 тони челик, пишуваат арапските медиуми.

Изградба на ваква зграда, посебно на брег каде што солената вода може да ја оштети, воопшто не е лесна. Затоа, темелите ќе бидат длабоки 60 метри, а ќе мора да бидат изградени така што солената вода не може да им наштети. Зградата ќе мора да биде отпорна на силните удари на ветерот, со оглед на висината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Општина Аеродром: Нема можност за стопирање на градбата кај Мајчин дом
-
За инает, нема ни ходник, ни лифт: Инвеститорот на најтенката зграда работи нелегално!
-
Судирот на двајца браќа создаде монструм: Оваа зграда е ново градежно чудо!
-
Си-Ен-Ен: Саудијците се подготвени да го признаат убиството на новинарот Кашоги


