| четврток, 6 декември 2018 |

Во две скопски градинки и две училишта има шарлах

lekari

Во две скопски градинки и две основни училишта на територијата на Скопје има шарлах, објави „Вест“. Како што пишува весникот, Центарот за јавно здравје направил стотина превентивни прегледи, по пријава на осум заболени од шарлах.

Д-р Лилјана Лазаревска од одделението за епидемиологија во Центарот за јавно здрав­је, објаснува дека засега станува збор за изолирани случаи на заболени од скар­ла­ти­на, бидејќи лабораториски присуство на бактеријата е потврдена само кај осум за­бо­ле­ни.
– Не­ма­ме пријава од училиштата и од градинките дека бројот на деца е намален по­ра­ди оваа зараза. На сите што биле во контакт со заболените земени им се пре­вен­тив­ни брисови, но тоа не значи дека понатаму не може да се заразат ако дојдат во кон­такт со заболено лице. Не мора да значи дека изворот на бактеријата е во учи­лиш­те­то или во градинката – вели д-р Лазаревска.
По заразата, инкубацијата трае од еден до три дена, а болеста почнува нагло, со ви­со­ка температура, болки во грлото и исфрлување по кожата и слузта. Ако не се ле­ку­ва навреме, болеста може да предизвика воспаление на зглобовите и на срцевиот мус­кул, познато како ревматска грозница.
Превентивно, за да не дојде до зараза, потребно е зголемена лична хигиена и хигиена на прос­то­рот во кој се престојува, дезинфекција на просторот, а ако во семејството има за­бо­ле­но дете со шарлах, и родителите и останатите членови на семејството да нап­ра­ват брисови за да се утврди дали и тие се носители на бактеријата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top