| четврток, 6 декември 2018 |

Скопскиот кривилен суд најави пресуда за „Монструм“ за два месеца

Скопскиот кривичен суд најавува дека за случајот „Монструм” за најмногу два месеци ќе има пресуда. Пред две години, за Величетврток, на Смилковското Езеро се случи петкратното убиство за кое се осомничени седум лица. Судот информира дека судењето за случајот трае подолго оти се работи за обемен предмет во кој на обвинетите им се суди за тероризам, за што се предвидени високи затворски казни, а судењето досега не ги надминало законските рокови. За случајот „Монструм“ одржани се 35 рочишта.

Обвинителството за масакрот гони седум лица, од кои две се во Косово каде што издржуваат затворска казна за недозволена трговија со оружје и се чека на нивна екстрадиција. Кривичниот суд на двајцата бегалци им суди во отсуство.

На наредните рочишта треба да се заврши доказната постапка и да закажат завршните зборови, а потоа би се објавила и пресудата за велигденскиот масакр

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top