| четврток, 6 декември 2018 |

Поништен изборот за нов лунапарк во Скопје

Luna Park

Изборот на концесионер за новиот лунапарк во Скопје ќе биде по изборите во март, пренесува „Нетпрес“.

– По завршувањето на локалните избори ќе се знае како ќе продолжат работите околу изградбата на новиот забавен парк. Град Скопје го поништи и последниот распишан јавен повик за нов лунапарк – велат од Град Скопје за „Нетпрес“.

Според последниот објавен тендер, Град Скопје од концесионерот ќе бара изградба на нов забавен парк на истото место на стариот, како и управување и одржување.

Вредноста на проектот се проценува на 8 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top