Во Делчево денеска престојуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски, кој заедно со носителот на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во Третата изборна единица, Никола Тодоров, и со кандидатката за пратеник од Делчево Милка Христова, имаше повеќе средби со граѓани.
На делчевци тие им ги претставија проектите предвидени во изборната програма „Проверено“ и им одговараа на конкретни прашања.
Груевски и градоначалникот на Делчево Дарко Шехтански попладнево ја посетија старата градска црква „Успение на Пресвета Богородица“ и присуствуваа на богослужбата.
Во кафе-бар во градот претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаа кратко дружење и со младите на Делчево.
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва имаше закажано митинзи во Македонска Каменица и во Делчево, но од почит кон верските чувства на граѓаните кои ги празнуваат велигденските празници, партијата одлучи денеска и утре (Македонски Брод и Кичево) митинзите да ги замени со други активности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер


