| четврток, 6 декември 2018 |

Владимир Путин: Дали би ме спасил Обама кога би се давел? Се надевам нема да има прилика! (видео)

Претседателот на Русија Владимир Путин четири часа во живо во телевизиска емисија одговараше на прашања на граѓани на Русија за актуелните надворешнополитички и внатрешно политички прашања.

Снимката на емисијата „Директна линија“ која стана традиционална содржи многубројни прашања и одговори.

На прашањето која ќе биде новата прва дама на Русија, Путин одговара:

– Прво морам да ја омажам поранешната сопруга,а потоа да се погрижам за себе.

Едвард Сноуден: Дали Русија ги пресретнува комуникациите на интернет и собира приватни податоци за обичните луѓе? Дали е тоа оправдано, дали е чесно да се користи таква контрола?

-Јас сум работел за служба за разузнавање исто како и вие, господине Сноуден. Нашата служба за разузнување работи според правила регулирани со закон. Тоа важи за пресретнување на телефонските разговори и комуникации онлајн. Вие мора да имате посебно одобрување за да слушате некого. Според нашиот закон тоа не можете да го правите туку-така. Се разбира, криминалците користат технологија во своја корист и службите за разузнување мораат да користат технологија за да одговорат на тие предизвици, но ние немаме масовно неконтролирано прислушкување и шпиунажа од тој вид.

Кој се обидува да не скара со Украина? Кој пушта гласини дека сакаме да испратиме тенкови?

-Тоа е политиката на меѓународната заедница веќе со векови. Што се однесува до нас, меѓу Русите и Украинците нема поделби. Тоа е еден народ. Но, оваа политика на ослабување и разделување на територии и луѓе продолжува. Се спроведуваат посебни сили кои се борат против нас. Погледнете што направија со Југославија и како ја изманипулираа. Многумина тоа сакаат и нас да ни го направат. Кој го прави тоа. Ете кој….

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top