Стевчо Јакимовски им ги одзел компјутерите на членовите на окружниот комитет на СДСМ Карпош кои што биле против него, објави порталот „Либертас“.
Порталот се повикува на партиски извори, но нема објаснување што ќе прави Јакимовски со домашните компјутери на овие членови или пак со нивните мобилни телефони ако решат да го критикуваат на социјалната мрежа Фејсбук, бидејќи и така се пристапува на социјалната мрежа. Но, „партиските извори“ очигледно не се сетиле дека обвинувањето до нивниот довчерашен градски претседател е поприлично – недоделкано!?
Со ова, како што беше најавено, добива на жестина негативистичката кампања на на СДСМ против Јакимовски, која веќе започна со графити низ Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јакимовски: Намалувањето на казната за Боро Стојчев е политичка, а не правна одлука
-
Заев злоупотребува деца во политички цели, Одбусманот предвидува казна за вакво дело
-
Во среда ќе се знае колку партии ќе учествуваат во кампањата за референдумот и колку пари ќе добијат
-
Кампањата за референдумот ќе чини 80 милиони денари



