| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Црвенковски работи против својата држава

Лидерот на опозицијата Бранко Црвенкиовски очигледно работи против интересите на државата за да ја спаси својата кариера, изјави вечерва премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на промоцијата на кандидатот за градоначалник од оваа партија и коалицијата „За Подобра Македонија“ во општина Гевгелија, Иван Франгов

nikola-gruevski-foto-645x360

– Треба да биде јасно дека ако добиеме негативен извештај од ЕУ, тоа ќе биде лична заслуга на Бранко Црвенковски. Тој купуваше само време и се уште ги лаже најблиските негови луѓе, внатре во партијата дека изборите ќе бидат одложени. Лажеше до вчера, ги лаже и денеска сите, па дури и претставниците на меѓународната заедница- потенцира Груевски.

Тој рече дека е во Гевгелија за да му даде поддршка на кандидат за градоначалник Иван Франгов.

– Со него изминатиот период имавме одлична соработка. Секогаш како Влада бевме спремни да му помогнеме кога требаше, а и тој секогаш помагаше, па дури и не туркаше некои работи да ги завршиме поскоро. Најголем дел од она што го вети, тој го оствари- рече Груевски.

Додека СДСМ беше на власт во Гевгелија, како што рече Груевски,  не се направи буквално ништо.

– Ниту еден проект не беше реализиран. Ниту едно работнио место не беше отворено. Гевгеличани уште ја паметат продажбата на „Зора“ и „Винојуг“, кога без работа останаа 1.200 луѓе. Не само што не направија додека беа на власт, и сега советниците на СДСМ не поддржаа ниту еден проект во општината. Беа буквално против се. За разлиака од нив, ние работиме за граѓаните на Македонија- потенцира Груевски.

Кандидатот за втор мандат во Гевгелија Иван Франгов, најави развој и промоцијата на индустриската зона Билото, довршување на проектот Градски пазар, изградба на нов објект за Факултет за бизнис, логистика и туризам, комплетирање на Спортскиот центар Касарна, изградба на прочистителчна станица, подобрување на водоснабдувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top