
Велигден е денот кога треба да се потсетиме дека има многу семејства на кои им треба помош и грижа. Таа грижа ја изразуваме преку постојано зголемување на социјалната помош, коешто е предвидено и во следната програма, по 5 % секоја година.
Ова денеска го истакна Зоран Ставрески, носител на листа во ИЕ 4 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.
Тој истакна дека родителите со деца кои имаат пречки во развојот, ќе добијат зголемен надоместок во висина од 5.500 денари, што е зголемување за 25 %, а зголемување ќе има и во надоместокот за згрижувачките семејства, кои згрижуваат деца без родители или пречки во развојот.
-Предвидени се и кредити за самовработување на хендикепирани лица. Секое хендикепирано лице кои може да извршува дејност и да има сопствен бизнис, ќе добие 5.000 евра како поддршка од Владата за започнување на сопствен бизнис. Лицата кои имаат Даунов синдром, децата, нивните семејства почнувајќи од 2015 година ќе добиваат надомест кој досега го немаше, истакна Ставрески.
За децата кои се од социјални семејства, рече Ставрески, предвидуваме секоја година по 3.000 дечиња да одат бесплатно на летен или зимски одмор, а предвидени се и други мерки со кои им помагаме на социјалните семејства и на примателите на социјална помош, како и на хендикепираните лица и семејствата во кои тие живеат, со цел да им се помогне полесно да ги пребродат искушенијата и да се подобри стандардот на овие категории на граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димитриев: Миновски располага со соодветен капацитет за да ја извршува функцијата министер за финансии
-
Страврески: Како земја многу инвестираме во образованието кое со вештините се клучни фактори за развој
-
Ставрески: За неполни години се креирани нови 150 илјади работни места
-
Во 2016 година ќе започнување на три нови делници од примарниот гасовод


