| четврток, 6 декември 2018 |

Се самоубил заменик-директорот на училиштето чии ученици исчезнаа во несреќата на бродот

brod juzna koreja

Заменик директорот на училиштето кој се спаси од потонатиот јужнокорејскиот траект со стотина негови ученици пронајден е мртов. Медиумите соопштуваат дека станува збор за самоубиство.

Канг Мин Кју (52) бил најден во близина на гимназијата во која се наоѓаат роднините на 268 исчезнати од траектот.

Полицијата соопштила дека утврдувањето на причините за смртта се во тек, но неофицијлано се дознава дека Канг се обесил пред салата за физичко со својот каиш.

Од 475 патници на траектот што се преврти во средата 352 биле ученици од стедното училиште Данвон во градот Ансан кои оделе на екскурзија на популарниот остров Џеџо.

 

При потонувањето на бродот загинале 28 луѓе меѓу кои 12 ученици, додека 179 се спасени а 270 се водат како изчезнати. Канг Мин Кју бил меѓу 179-те патници што успеале да се спасат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top