| четврток, 6 декември 2018 |

Лекарите направиле погрешна проценка за состојбата на Шумахер?

sumaher-500

Медиуми во Германија тврдат дека последиците за здраствената состојба на Михаил Шумахер можеле да бидат помали доколку лекарите од спасувачката служба подобро ја проценеле неговата состојба.

Шумахер најнапред бил префрлен во мала болница во Мутие, а дури кога неговата состојба драстично се влошила бил префрлен со хеликоптер во Гренобл каде е опериран.

Возачот на Ф1 по несреќата бил свесен, зборувал, ги движел рацете и нозете, што лекарите од спасувачката служба ги наведе да заклучат дека не е во тешка состојба, што подоцна се покажало како погрешно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top