ЕУ сака да спречи граѓанска војна во Украина, но и да обезбеди руски гас за своите граѓани за следната зима.
Европската Унија прифати преговори со Москва и Киев за безбедноста за снабдувањето со гас кој од Русија до Европа стигнува преку Украина.
Тоа е одговорот на Брисел на предупредувањето на Путин дека испораката може да биде прекината поради украинскиот долг.
– Во прашање е ставена договорената одговорност на Русија како снабдувач на гас. Цврсто ве повикуваме да избегнете мерки кои ќе предизвикаат сомнеж во вашата желба да се сметате за доверлив испорачувач на гас во Европа, наведе Жозе Мануел Баросо.
Тајмингот на одговорнот не случајно се поклопи со вчерашните преговори во Женева меѓу Русија, Украина, ЕУ и САД. Во очи разоворите со Сергеј Лавров, рускиот шеф на дипломатијата, Киев на Москва и понуди автономија за источните проруски региони во Украина во замена за повлекување на руските трупи од западната граница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.