Поради растечките тензии во Укриана, НАТО реши да ја зајакне воената присуство во сојузничките земји од источна Европа, вклучувајќи ги и поранешните советски балтички републики.
– Веднаш ќе распоредиме сили на море, во воздух и на копно. Тоа значи во рок од неколку дена, изјави генералниот секретар на НАТО Андерс фог Расмусен на конференцијата за новинари по состанокот со амбасадорите на членките на НАТО.
Авионите на НАТО почесто ќе летаат над Балтичкото море, сојузничките бродови ќе впловат на Балтикот и во Средоземното Море, а воените сили ќе излезат на терен за да ја засили подготвеноста за вежби, додава Расмусен.
НАТО во исто време ќе разгледа планови за одбрана на земјите членки. Идните недели и месеци ако биде потребно, ќе следуваат дополнителни мерки за засилување на одбраната, истакна генералниот секретар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.