На четиристраната средба во Женева, посветена на украинската криза, на која учествуваат шефовите на дипломатиите на САД, Европската унија, Русија и Украина, беше усвоен документ за стабилизација на сосотјбата во земјата, изјави вечерва рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Тој прецизираше дека усвоениот документ предвидува разоружување на сите илегални вооружени формации и ослободување на сите противзаконски окупирани административни згради во Украина.
Според договореното, ќе бидат амнестирани сите демонстранти, со исклучок на оние, кои извршиле тежок криминал.
Документот содржи апел за широк национален дијалог во Украина, кој ќе ги вклучи сите групи од општеството и ќе биде транспарентен и одговорен, додаде Лавров. Тој, исто така, изрази поддршка и за мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за воспоставување дијалог во Украина.
– Русија ќе го поддржи ОБСЕ при извршувањето на таа задача, рече Лавров.
Тој додаде дека учесниците на четиристраните преговори во Женева се договориле да ги продолжат средбите во различни формати. Лавров нагласи дека САД и ЕУ пројавиле искрен интерес за одржување средби со Руската Федерација посветени на Украина.
– Русија нема намера да испраќа војници во Украина, нагласи Лавров и додаде дека тоа би било противречно на темелните интереси на Москва.
Рускиот министер за надворешни работи исто така вети дека Украина нема да го зголемува бројот на вооружените сили во Крим.
– Украинските војници се мобилизирани со незаконски наредби за да ги задушат проруските протести во источните региони, предупреди Лавров и ја осуди како апсолутно неприфалтива денеска воведената забрана за влез во Украина на сите руски граѓани од машки пол на возраст меѓу 16 и 60 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Лавров: Уште еднаш им велам на колeгите од САД – не си играјте со оган
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија