Дали популарниот холивудски актер Арнолд Шварценегер се шегува или само се обидува да му го подобри расположението на својот штотуку опериран син?
Актерот на својот „Инстаграм“ објави фотографија на која тој прави гримаси додека покрај него лежи неговиот син, Патрик, кој се уште е под анестезија по операција на црниот дроб.
20-годишниот манекен и актер Патрик Шварценегер пак, по будењето, на својот „Твитер“ напишал: „Операцијата беше успешна. Се молам за брзо оздравување. Му благодарам на Шварценегер кој ме сликаше додека бев под анестезија.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.