„Газпром“ одговара само за доставата на гас во Европа, а Украина треба да гарантира непречен транзит на енергенсот преку нејзина територија, изјави рускиот претседател Владимир Путин во одговорот на писмото на претседателот на
Европската комисија, Жозе Мануел Барозо.
Во писмото на Барозо се истакнуваше дека Европската унија се согласува да има консултации меѓу Русија и Украина за безбедноста на дистирбуцијата и транзитот на гас. Барозо истакна дека европските компании потпишале договори со „Газпром“, и рускиот гигант има одговорност да ги испочитува таквите договори.
– Одговорноста за транзитот е на Украина и тоа е предвидено со договорот, а цената на дистрибуција ја определува Украина по познатата формула, која денеска изнесува 485 долари за 1.000 кубни метри – истакнува Путин.
Тој повтори дека за да се гарантира непречениот транзит на гас за Европа, Русија го изградила „Северен поток“ и почнува со изградбата на „Јужен поток“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.