– Oбразованието ќе биде голем приоритет на ВМРО-ДПМНЕ и Владата во следните четири години – изјави денеска во Битола носителот на листата во Петтата изборна единица Антонио Милошоски.
– Ќе изградиме девет нови училишта, 200 ќе ги реновираме на различи начини зависно од потребите, ќе изградиме нови 69 спортски сали како дел од образовниот систем и ќе извршиме набавка на 300.000 таблет-компјутери за најмладите ученици од основно до средно образование – рече Милошоски.
Тој најави и продолжување на проектот со доделување стипендии за секој оној којшто ќе се запише на 100-те најдобри универзитети во светот или на постдипломски или докторски студии на 200-те најдобри технички универзитети во светот.
– Со тоа сакаме да создадеме една генерација, која што ќе може со своето знаење и креативност да биде конкурентна на пазарот и Македонија да биде посилно општество заради својата добро образована младина – порача Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.