| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкулоска: Со нови пруги и вагони до подобри услови во железничкиот сообраќај

jan 1

Со повратен билет во раката кој чини 180 денари, од железничката станица Ѓорче Петров до Куманово, носителот на листа во втората изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Јанкулоска ги промовираше новите проекти планирани за ревитализација и подобрување на условите во железничкиот сообраќај.

-Предвидено е и завршување на еден од најголемите капитални проекти за кој со децении се зборуваше меѓутоа ништо не се правеше. Тоа е изградба на пругата кон Бугарија за што се обезбдени средства и заокружена е финансиската конструкција и изградбата веќе ќе започне. Исто така предвидуваме изградба на делницата Куманово-Бељаковце, но можеби најважно од се е подобрување на состојбата на вагоните посебно во делот на патничкиот превоз, предвидено е купување на 6 нови композиции што секако дека ќе го направат патувањето на патниците многу попријатно и 150 товарни вагони што во голема мера ќе му помогнат на стопанството – истакна Јанкулоска.

jan 2

Таа додаде дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ предвидени се поволности за кои веруваат дека ќе го популаризираат железничкиот превоз. Една од мерките е бесплатен викенд превоз за млади до 27 години кои ќе може да ја користат железницата за превоз, но вакви придобивки има и за пензионерите.

jan 3

Јанкулоска отпатува со воз за Куманово каде денес ќе продолжи го реализирање на дневната агенда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top