| четврток, 6 декември 2018 |

НАТО ги распореди ракетите „патриот“ во Турција

patriot raketi

НАТО заврши со распоредувањето на шесте системи за противракетна одбрана „патриот“ во Турција, соопшти денеска претставник на прес-службата на НАТО. Распоредувањето на ракетните комплекси е целосно завршено, сите комплекси се во оперативна готовност, изјави претставникот на Алијансата. Тој истакна дека во петок, во реонот на градот Газијантеп, во Јужна Турција бил пуштен во готовност вториот систем за противракетна одбрана „патриот“, обезбеден од страна на САД.

Во декември 2012 година, во Брисел министрите за надворешни работи на земјите од НАТО официјално одобрија распоредување на ракети „патриот“ во Турција со цел за заштита од евентуални ракетни напади од Сирија. САД, Германија и Холандија испратија по два ракетни система и по 350 војници во рамките на мисијата, која е предвидено да трае една година. Холандските ракетни системи „патриот“ се распоредени во реонот на градот Адана, а германските во близина на градот Караманмараш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top