Сопственикот на Милвоки бакс, Херб Кол изјави дека го продал клубот на инвеститори од Њујорк. Кол истакна дека единствениот услов му бил Бакс, кој оваа сезона се најслабиот тим во лигата, да останат во нивниот град.
Поранешниот сенатор на САД го продаде Бакс на Марк Ласри и Весли Еденс за околу 550 милиони долари.
Договорот ќе стапи во сила откако тоа ќе го одобри лигата.
– Дојде време кога требаше да мислам за наследување – изјави 79-годишниот Кол кој Бакс ги купил во далечната 1985 година за 18 милиони долари.
Клубот од Милвоки е основан во 1968 година, и има освоено еден шампионски прстен во 1971 година и две конференциски титули во 1971 и 1972 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


