| четврток, 6 декември 2018 |

Паричната помош за социјалноранливите категории зголемена за 46 отсто

pari

Ако во 2006 година паричната помош за социјалноранливите категории беше 2.900 денари, сега таа достигна во просек 4.266 денари. По години од 2006 година социјалната помош растеше во просек од десетина проценти, што е највисок износ досега, анализира „Канал 5“.

За приближно толку или 46 проценти се зголеми и постојаната парична помош за социјалноранливите категории.

-Од 3700 денари колку што изнесуваше во 2006 година сега таа изнесува 5400 денари. И таа по години се зголемуваше за десетина проценти, што е најголем износ за примателите на оваа помош. За првпат оваа година од буџетот се издвои и помош од 4000 денари за глуви лица. Три нови права се воведоа за децата со спреченост – наведува телевизијата.

За 50 отсто се зголеми и посебниот додаток за самохраните родители што имаат деца со пречки во развојот. За поголема инклузивност во општеството од мистерството за труд велат дека посебно внимание ќе се насочи на децата со посебни потреби.

Како што објави „Канал 5“, Министерството веќе се размислува и за воведување на нови права на социјални категории граѓани, кои не биле опфатени со сегашните мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top