| четврток, 6 декември 2018 |

Што го мачи Меси?

Лионел Меси повторно одигра лош меч со многу малку трчање и без погодок, а Барселона го загуби финалето на кралскиот куп во Шпанија против вечниот ривал со 1-2.

Овојпат Меси не може да се пожали на стратегијата на сонародникот од Аргентина Херардо Тата Мартино. Лео играше на својата позиција како полушпиц, но не прикажа ниту дел од раскошниот репертоар. Претходно на дуелот со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, Меси беше принуден да игра на крилната позиција, а еден од најдобрите играчи на планетата, речиси и го бојкотираше тренерот и екипата. Тогаш истрча само 6,8 километри, го немаше никаде на теренот, а Барселона се прости од настапите во ЛШ.

И синоќа против реал Мадрид Меси одигра бледо, иако играше на својата позиција.

„Меси е непрепознатлив во последно време. Нема постигнато гол на три натпревари, што е еднакво на чудо за него, а ги нема и асистенциите и препознатливите дриблинзи. Нешто го мачи Меси“, пишуваат шпанските медиуми.

Во текот на сезоната Лео имаше проблеми со даночните власти во Шпанија, беше обвинет со татко му за затајување на данок, па дури избегна и затворска казна, а на тоа се надоврзаа и експериментите на Мартино. Формата на Меси, делумно и поради приватните проблеми, но и поради чуднатаситуација во тимот, ја чинат Барса елиминација во Лигата на шампионите и пораз во финалето на Купот, а каталонците имаат и најмали шанси да слават трофеј во шпанското првенство во однос на двата големи ривали сезонава, Атлетико и Реал. Двата мадридски клубови се во предност, а на Барса и треба чудо и стариот добар Меси за да ги престигне ривалите и да стаса до титулата во Примера Дивизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top