| четврток, 6 декември 2018 |

Рутинска победа за Атланта како загревање за плејофот

Атланта хоукс го доби последниот меч од регуларниот дел од сезоната против Милвоки со 111-103 и го потврди осмото место во Источната конференција, пред стартот на плејоф натпреварите. Перо Антиќ одигра нешто повеќе од 19 минути и постигна 8 поени од 8 удари од поле (2-8), а беше максимално прецизен од линијата за слободни фрлања со 3 од 3 погодени удари.

Антиќ во првата сезона во НБА лигата како дебитант има одличен просек од над 7 поени, а постигна многу, секако над очекувањата на експертите за најсилната кошаркарска лига на светот. Беше избран за настап на Рајзинг старс челенџот, како дел од мега популарниот Ол-стар викенд, се избори за место во почетната петорка на Хоукс, а сега ќе игра и во плејофот за титулата.

Противник на Атланта ќе и биде Индијана, а во првата рунда се игра до 4 пшобеди во серијал од максимум 7 меча. лани Пејсерс ги елиминираа Хоукс со 4-2 во победи.

Резултати од послендите мечеви во регуларниот дел од сезоната: Орландо – Индијана 86-101, Шарлот – Чикаго 91-86 (по продолжение), Мемфис – Далас 106-105 (пр), Милвоки – Атланта 103-111, Минесота – Јута 130-136 (пр), Њу Орлеанс – Хјустон 105-100, Оклахома Сити – Детроит 112-111, Сан Антонио – ЛА Лејкерс 100-113, Бостон – Вашингтон 102-118, Кливленд – Бруклин 114-85, Мајами – Филаделфија 87-100, Њујорк – Торонто 95-92, Портланд – ЛА Клиперс 110-104, Сакраменто – Феникс 99-104, Денвер – Голден Стејт 112-116.

Двојки за прво коло од плејоф мечевите:

Источна конференција

(1) Индијана – (8) Атланта

(2) Мајами – (7) Шарлот

(3) Торонто – (6) Бруклин

(4) Чикаго – (5) Вашингтон

 

Западна конференција

(1) Сан Антонио – (8) Далас

(2) Оклахома сити – (7) Мемфис

(3) ЛА Клиперс – (6) Голден Стејт

(4) Хјустон – (5) Портланд

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top