Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Република Македонија, Никола Груевски, на вечерашниот митинг на Коалицијата „За подобра Македонија“ во Прилеп најави дека гигантот „Филип Морис“ влегува во Тутунскиот комбинат Прилеп.
– Информиран сум од моите соработници дека деновиве завршиле преговорите за усогласување на текстот на договорот за стратешко партнерство со „“Филип Морис и Тутунскиот комбинат Прилеп. Значи преговорите по однос на текстот на договорот се завршени, се чека завршување на изборите, бидејќи за време на изборите законски не смееме да го потпишеме тој договор. Веднаш по изборите Тутунски комбинат ќе треба да одржи генерално собрание, да го усвои договорот и потоа да се потпише – нагласи Груевски.
Со ова, додаде, Тутунскиот комбинат и „Филип Морис Интернешенл“ менаџмент постигнаа договор за заедничко вложување кое произлезе од објавениот повик за стратешко партнерство во месец јули 2013 година.
– Стратешкото партнерство ќе се реализира преку формирање на ново Друштво со ограничена одговорност во кое „Филип Морис Интернешнл“ менаџмент ќе има 51 процент капитал учество додека ТК Прилеп ќе има 49 учество во капиталот. Новоформираното друштво ќе биде одговорно за производство, дистрибуција промоција и продажба на брендовите од заедничкото портфолио на домашниот пазар – појасни Груевски.
Ова значи, нагласи, дека водечките светски брендови на „Филип Морис“ ќе се произведуваат во Прилеп, заедно со бредновите на Тутунскиот комбинат и истите ќе се промовираат и продаваат со искуството на американскиот гигант „Филип Морис“ којшто е најголемиот гигант во светот во делот на оваа индустрија.
– Дополнително со овој договор се обезбедува директен пласман на Тутунскиот комбинат Прилеп на значителни количини македонски ориентален тутун за потребите на „Филип Морис“. Со договорот за стратешко партнерство се обезбедуваат дополнителни средства за инвестиции, осовременување на производството и подобрување на продуктивноста на
Тутунскиот комбинат Прилеп – рече Груевски.
Долгорочните ефекти од истиот, додаде, ќе биде стабилизирање на работењето на Тутунскиот комбинат Прилеп по што се очекува Тутунскиот комбинат постепено да се трансформира во профитибилна компанија.
– Потпишувањето на договорот за стратешко партнерство меѓу Тутунскиот комбинат и „Филип Морис Интернешенл“ ќе следи како што кажав, по неговото формално одобрување од страна на Собранието на акционери на Тутунскиот комбинат Прилеп веднаш после изборите. Траеја неколку месеци преговорите, се завршија и веднаш после иборите ќе се склучи овој договор. Значи најголемиот гигант во индустријата за производство на цигари влегува во Прилеп – нагласи Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски