| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: Ќе се залагаме за еднаков третман на инвеститорите

stevco jakimovski

Лидерот на Коалицијата ГРОМ Стевчо Јакимовски на денешните средби со граѓаните на Скопје порача дека ќе се залагаат за нова економска и социјална политика и за еднаков третман на домашните и странските инвеститори.

– Мора да ги заштитиме сиромашните и ранливите категории граѓани. Особено на оние кои им е потребна помош, на самохрани родители, на прво место – рече Јакимовски.

Во толку голем буџет, од 3 милијарди евра, нагласи, мора да има повеќе одвојување за социјалните случаи, за цивилните и воените инвалиди и за лицата со посебни потреби.

– Мора да се бориме против корупцијата и неефикасната администрација, воедно мора да ги изедначиме домашните и странските инвеститори – порача Јакимовски насредбите во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top