| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкулоска и Пешевски на средби со бизнис заедницата од Куманово

Носителот на изборната листа од Коалицијата „За подобра Македонија“ од втората изборна единица, Гордана Јанкулоска и Владимир Пешевски остварија средба со преставниците на бизнис заедницата од Куманово и презентираа дел од мерките опфатени во програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

jan kum

– Преставиниците на бизнис заедницата се заинтересирани да продолжиме со истата политика кон бизнисот, која подразбира создавање на поволна бизнис клима, олеснување на постапките за водење бизнис, поволна даночна политика на државата која ќе им овозможи проширување на нивните бизниси – рече Јанкулоска.

Таа информираше и за можноста за користење средства од кредитот, наменет за малите и средни претпријатија во висина од 100 милиони евра со субвенционирана каматна стапка  од 5,5 проценти, за кој рече дека ќе преставува можност за фирмите за проширување на нивните капацитети и дополнителни инвестиции.

– Во однос на оние специфични знаења и вештини коишто на фирмите може да им се потребни за водењето бизнис, во смисла на ангажирање на менаџери со специфични знаења, тука имаме една посебна програма каде што ги покриваме трошоците. Тоа ќе значи дополнителен импулс за отварање нови, но и унапредување на веќе постоечките компании – рече Јанкулоска.

jan kum2

Пешевски рече дека со кумановските бизнисмени имале продуктивна средба, на која разговарале и за претходната соработка која бизнис заедницата ја оставарувала со Владата, а воедно презентиравме и дел, од како што рече, многуте проекти кои се предвидени во новата програма на ВМРО- ДПМНЕ, во секторот економија.

 Ставивме акцент на неколку работи. Говорев и за фондот за иновации, за програмите со кои на почетните бизниси ќе им се даваат грантови до 30.000 евра, а за постоечките поголеми компании ќе има грантови и до 200.000 евра за воведување нови технологии, со цел да се зголеми нивото на иновации кои што се применуваат во Македонија. Сметам дека најважно беше тоа што бизнис заедницата искажа задоволство од досегашната комуникација  и отвореност на Владата за континуиран дијалог и дека е тоа нешто што ќе го продолжиме и во наредниот период, рече Пешевски.

jan kum1

Тој потенцира дека голем дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ е базирана на предлози на  граѓаните, во кои влегува и бизнис заедницата и информира дека со оваа иницијатива ќе се продолжи и во наредиот период.

Пешевски рече дека ќе ги посети и компаниите од чевларската индустрија од Куманово.

– Ќе направиме сет на мерки кои оваа индустриска гранка ќе ја направат поконкурентна за да можеме  што поголем број на обувки кои што се користат во Македонија да бидат произведени повторно во Македонија, да го намалиме негативниот тренд на интензивен увоз и конечно да создадаеме нови работни места – потенцира Пешевски и нагласи дека соработката со кумановските бизнисмени отсекогаш била добра и ќе продолжи во тој правец и во наредниот период.

jan kum3

Јован Дабевски од млекарницата „Здравје Радово“ посочи дека комункацијата со Владата е реална и отворена.

– Еден многу важен заклучок од оваа средба е тоа што нишката која ги поврзува бизнис заедницата и оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ е силната доверба која ние како бизнис заедница ја имаме во оваа Влада, која од ден на ден е се поголема, затоа што сами како членови на бизнис заедницата многу пати сме консултирани ,сме чинители на законските решенија, досегашни и идни. Комунакацијата е многу реална и отворена и сме убедени во својот успех и успехот на оваа Влада, а токму довербата е мошне значајана затоа што таа е чинител кој ни овозможува да го иневестираме својот капитал, да земаме кредити и со тоа да растат приходите, профитабилноста и стандардот на граѓаните – рече Дабевски.

jan kum4

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top