Проруски сепаратисти потпомогнати од руски агенти заробија шест украински воени оклопни возила во источниот дел на Украина, соопшти украинското Министерство за одбрана.
– Денеска, 16 април во Краматорск, Доњецка Област, влегоа шест воени оклопни возила на Вооружените сили на Украина, кои дејствуваа според планот за антитерористичка операција. Во центарот на градот движењето на колоната беше блокирано од локални жители, меѓу кои имаше и припадници на руски диверзантско-терористички групи. Заробените возила се упатија кон градот Славјанск – се истакнува во соопштението на украинското МО.
Претставнци на сепаратистите соопштија дека оклопните возила веќе се во Славјанск, кој од саботата е под контрола на проруските демонстранти, кои ги зазедоа зградите на општинската управа, милицијата и на локалниот огранок на украинската служба за безбедност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина



