| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Со хидросистемот „Лисиче“ повеќе обработливи земјоделски површини

todorov 2

Носителот на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во Третата изборна единица Никола Тодоров денеска во Велешко го презентираше проектот за изградба на хидросистемот „Лисиче“, кој е дел од изборната програма на партијата.

Станува збор за проект вреден 1.200.000 денари, кој треба да почне да се реализира во 2018 година.

– Суштината на овој проект е правење водоснабдителна мрежа која ќе овозможи 3.000 нови хектари земјоделски површини да бидат ставени под водоснабдителен систем и овозможување на земјоделското производство на нови 3.000 хектари земјоделска површина, како и поврзување со езерото „Младост“ со еден цевковод од шест километри со кој потоа ќе може да се отворат нови 1.500 хектари дополнителни земјоделски површини за обработка – изјави Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top