Ставрески додаде дека дури по 60 години, ова училиште добило спортска сала, во која биле инвестирани околу 600 илјади евра.
-Покрај спортската сала во Струмица и струмичко се изградени уште 3 спортски сали во Василево, Иловица и Куклиш и во следниот период ќе продолжиме со вакви инвестиции во изградба на училишни спортски сали, од кои две ќе бидат во Струмица и една во Муртино. Предвидени се и 4 тениски терени во Струмица, предвидени се повеќенаменски игралишта, како и изградба на фудбалско игралиште со вештачка трева во склоп на академијата Пандев. Предвидена е и дисперзирана паралелка на Спортската академија со која што ќе овозможиме средните училишта и младите луѓе да спортуваат и да се подготвуваат за учество на националните спортски селекции – потенцираше Ставрески.
Сите инвестиции во спортот, рече Ставрески, се значајни за младите кои се изградуваат како вистински личности, учат да се натпреваруваат, да победуваат, но и да трпат порази, а по поразите повторно да станат и да продолжат понатаму.
-На тој начин ќе продолжиме со поддршка на училишниот спорт, но и општо на спортот во Македонија како активност која што засега стотици илјади млади луѓе и на ваков начин им овозможуваме во подобри услови, во подобра инфраструктура да се дружат и да извршуваат спортски активности – истакна Ставрески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џес Бејли: Решавањето на спорот за името ќе придонесе за стабилноста на регионот
-
Оваа година има три пати помалку капитални инвестиции споредено со лани
-
Видео кое УФЦ сака да го забрани: Поранешна шампионка едвај преживеала поради суровите методи на отстранување килограми! (видео)
-
И тоа се случи: Играњето на шипка стана спорт



