Со вчерашните натпревари Реал Мадрид – Олимпијакос и Барселона – Галатасарај почна четвр-финалната фаза од кошаркарската Евролига.
Шпанските гиганти не дозволија изненадување во првите натпревари од четврт-финалната серија, која ќе трае до три победи за еден од тимовите.
Реал Мадрид уште во првата четвртина нaправи разлика над европскиот шампион Олимпијакос и рутински дојдоа до победата (88-71). Најефикасен кај домаќините беше Руди Фернандес со 20 поени, додека кај Олимпијакос се истакна Василис Спанулис со 18 коша.
Барселона успеа да слави во натпреварот против Галатасарај со 88-61 откако во последниот период направи разлика од 17 поени (27-12). Во второто полувреме гостите од Истанбул успеаја да дадат само 26 поени, што беше клучот за победата на Каталонците. Боштијан Нахбар со 19 поени го предводеше својот тим, додека Карлос Аројо со 14 коша беше најефикасен кај Галатасарај.
Серијата се игра по принцип 2-2-1 во случај еден од тимовите да не дојде до три победи во серија.
Вторите натпревари се играат в петок.
Вечерва се играат првите натпревари од останатите два дуела во четврт-финалето. Армани Милано го пречекува Макаби, додека ЦСКА Москва ќе биде домаќин на Панатинаикос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


