Пентагон издаде соопштение, според кое рускиот бомбардер „Су-24“ во саботата неколку пати пролетал недалеку од разурнувачот на американската воена морнарица „Доналд Кук“ во Црно Море имитирајќи напад, соопштува „Ројтерс“.
Според зборовите на Стивен Ворен, претставник на Пентагон, рускиот бомбардер дванаесет пати ниско прелетал недалеку од американскиот разурнувач. Ворен ги опишал маневрите како недопустливо застрашувачки и деморализирачки за бродскиот екипаж, објави „Руска реч“.
Ворен истакна дека за време на инцидентот бродот патролирал во западните води на Црно Море. Според неговите зборови, сега бродот е на безбедно место, во романското пристаниште Констанца. Маринците минуваат низ терапија кај психолози за да се соземат по доживеаниот стрес.
Рапорт за напуштање на воената служба поднеле 27 члена на екипажот. За потегот објасниле дека се случил поради тоа што не сакале да го изложат својот живот на опасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





