| четврток, 6 декември 2018 |

„Влакна“ доби златна статуетка во Хјустон

Македонскиот краток филм „Влакна“ доби „Gold Remi“ награда во категоријата краток трилер/мистерија филм на 47. издание на фестивалот „Ворлдфест“ во Хјустон.

филм влакна

-Наградата Gold Remi na фестивалот во Хјустон е вреднување на напорната работа на сите членови на екипата, кои дадоа се од себе за филмот да изгледа онака како што изгледа сега. Освен што е прва, уште поголемо значење и дава фактот што е награда од еден од најстарите фестивали во САД на кој се пријавуваат илјадници филмови, а се прикажуваат само дел од селектираните кратки филмови. Нашата проекција беше изминатата сабота и беше навистина добро посетена според информациите кои ги добивме од нашите поддржувачи. Филмот изминатиот викенд се прикажа и на фестивалот Норт Холивуд Синефест во Лос Анџелес, така што може да кажеме дека овие денови се вистински успех за екипата на „Влакна“, изјави Елеонора Велинова, режисерка на филмот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top