За таа цел денеска во Скопје беше потпишан договорот меѓу НЛБ Тутунска банка и ЕБОР.
Максималната сума на кредитот за енергетска ефикасност што еден корисник може да ја користи е два милиони евра, додека за проектите за зголемување на конкуретноста изнесува еден милион евра.
Според претседателот на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка, Ѓорѓи Јанчевски, се работи за поволни кредити кои можат да се користат во рок од пет години со грејс период од максимум две години,а предвидени се и стимулации за крајните корисници од 10 до 20 проценти доколку компанијата успешно го имплементира проектот.
– Имајќи предвид дека и двете кредитни линии нудат покрај поволните каматни услови, исплата на неповратни грантови во форма на стимулации во корист на крајните корисници и бесплатна техничка помош, очекуваме дека ќе има зголемен интерес меѓу компаниите и успешна крајна реализација на проектите – рече Јанчевски.
Претставничката на Канцеларијата на ЕБОР во Македонија, Анка Јоана Јонеску оцени дека Македонија има висок претприемачки потенцијал и оти целта на ЕБОР е да ја поддржи трансформацијата на тој потенцијал во одржлив бизнис.
– Малите и средни претпријатија претставуваат основа на македонската економија, но пристапот до финансии и понатаму претставува предизвик. За нас поддршката за малите и средните претпријатија претставува приоритет со цел да се промовира одржлив развој, да се подобри конкуретноста и да се намалат енергетските трошоци – нагласи Јонеску.
ЕБОР започна со инвестирање во македонската економија во 1993 година, а до денес има потпишано над 80 проекти во висина од 1,1 милијарда евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Повлечени 10 проекти од Годишната програма за култура
-
ВМРО-ДПМНЕ: Економските политики на Владата се покажаа како погубни за македонската економија и бизнис секторот
-
УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните од СДС и Алаѓозовски очекуваат да реализираат проекти во областа на културата, а ние ќе ве потсетуваме цело време на нив
-
Делчевското ОУ „Св. Климент Охридски“ за една година побогато за 520.000 денари