| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Младите да основаат свој бизнис

антонио

Една од мерките што на ВМРО-ДПМНЕ му е особено важна е поддршката на младите да основаат свој бизнис, изјави денеска носителот на листата на пратеници во изборната единица 5 на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, за време на посетата на прилепското село Ропотово.

– Оние до 29 години ќе имаат можност преку Агенцијата за вработување да подигнат кредит за основање нови фирми во износ од 7.000 евра, 18 месеци има грејс-период, а после во следните 5,5 години треба да се врати кредитот со минимална камата од еден отсто – рече Милошоски.

Младите кои имаат идеја, иновација, добро образование или одредено стекнато искуство на семејно ниво, вели тој, ќе треба да ја искористат оваа шанса за да може што повеќе млади луѓе да се вклучат во нашето стопанство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top