Утрово во периодот од 5 до 9 часот, ПС Гостивар спроведе акциска контрола за откривање странски државјани кои непријавено престојуваат и работат на подрачјето.
Во акцијата, реализирана во Гостивар и во Србиново, се затекнати 12 државјани од Република Албанија, кои непријавено престојувале или илегално влегле во нашата земја.
По приведувањето, тие се предадени за натамошна постапка во гостиварскиот Оддел за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


