Вчеравечер околу 22,45 часот во близина на Демир Капија кај Прждевски споменик на автопатот во правец Гевгелија-Скопје, од страна на полициски службеници од ОН Неготино било запрено возило „БМВ“ со скопски регистерски таблици, а управувано од Н.Н.(23) од Скопје. Во багажниот простор биле откриени две лица илегални мигранти од Пакистан.
Н.Н. бил приведен и задржан во полициска станица и против истиот ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, а мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти