| четврток, 6 декември 2018 |

Снимка од најголемиот собир на Ал Каеда: Ќе ја нападнеме Америка и не се плашиме од последиците!

На интеренет се појави снимка на најголемиот собир на терористи на Ал Каеда, кој е забележан во последниве неколку години.
Имено, снимката прва ја објави американската ТВ-станица Си-Ен-Ен, која објави и дека овој видеозапис од собирот почнал да се споделува на џихадски вед-сајтови.
al-kaida-okupljanje-foto-printskrin-yt-1397644561-480813

За ова се заинтересирале и американските стручњаци за тероризам кои напоменуваат дека снимката е потполно автентична и прашуваат дали е можно Пентагон и ЦИА сѐ уште да не се огласиле по овој повод, а, што е уште полошо, дали е можно да им се провлекол овој настан, да не го виделе?!

al-kaida-okupljanje-printskrin-yt-1397644829-480819

Имено, на снимките се гледа вториот човек на Ал Каеда, Насир ал Вухајши, кој им порачува на своите борци дека сака да ги нападне САД и дека воопшто не се плаши од последиците.
– Мораме да го тргнеме крстот, а носител на крстот е Америка – им вика Ал Вухајши на своите „борци“.
Медиумите потсетуваат дека тој човек е водач на фракцијата на Ал Каеда, која во своите редови има човек што може да постави бомба во авион која е невозможно да се открие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top